Кога ќе ни се пријаде нешто благо, обично го сакаме сега, во моментов. Добрата вест на овој рецепт е дека не треба да го правиме.
Се работи за чоколадна торта, каде подготовката трае само една минута !
И освен тоа е со здравствени додатоци:
Потребни производи за една чашка :
1 лажица и 2 лажички какао;
3 лажици брашно;
1 / 8 лажичка сол;
2 лажички шеќер;
¼ лажичка прашок за печиво;
1 пакетче стевија;
2-3 лажички кокосово масло или масло;
3 лажици млеко;
½ лажичка екстракт од ванила.
подготовка:
Измешајте ги сите суви состојки добро. Додаде ги течните и мешајте до хомогена смеса. Потоа префрлете во мала чинија, во форма на мафин или дури во чаша за кафе. Печете во микробранова 30-40 секунди. Ако не сакате да го јадете директно од чинијата прво почекајте да се излади и потоа извадете го од неа.
Пријатен апетит!