Четири видови храна за генијалноста на вашето дете



Јадењето на вистинските производи ја гарантира генијалноста на детето, утврдија американските нутриционисти по големата студија.


Главните стимулатори на менталната активност кај децата и адолесцентите се рибата, млечните производи, мешунките и доматите.

Морската риба поседува некои есенцијални масни киселини за човековото здравје. Особено тие се корисни за централниот нервен систем.


Конзумирањето на на морските производи треба да биде неколку пати неделно за сите деца, па дури и за бремените жени.

Таа учествува во формирањето на сивата материја и затоа е неопходна за развојот на мозокот.


Доматите пак ја забрзуваат работоспособноста на невроните и на тој начин ја подобруваат мозочната активност.

Млечните производи се незаменливи за развојот на меморијата, а и дополнително помагаат да се формира логично размислување.

Експертите препорачуваат барем еден од овие производи да се даваат на учениците.

Тоа ја интензивира работата на мозокот и помага за успешната апсорпција на информациите.

Дали од овие храни вашето дете ќе стане гениј, нема како да бидеме сигурни. Сигурни сме дека, сепак, нивното вклучување во менито ќе ги направи вашите деца повеќе здрави. А тоа не е воопшто малку …