Четири основни закони на разделбата



Секој крај на врска е тежок и болен, но колку и да сте повредени, треба да се држиме до некои правила кои светските експерти ги наведуваат. Се работи за четири основни закони на разделбата.

Зборувајте кога сте со телефон во рака. Пишувајте пораки, полни со гнев и омраза, но никогаш не ги праќајте. Колку и да сте лути, ќе помине. Подобро е да издржите, отколку потоа да се каете, срамите и криете.

Правило број два гласи – избришете го од твојот живот. Отстранете ги броевите во именикот, избришете го од Фејсбук, за да престанете да го проверувате неговиот профил и кажете им на вашите пријатели да не зборуваат за него.

Бидете со другите луѓе кои повеќе ве ценат. Имате семејство, пријатели и колеги, кои се до вас.

Четвртата најголема грешка која жените ја прават при разделба е да се затворат дома. Штом сте ја прекинале љубовната врска, не прекинувајте ги контактите со останатиот свет. Доброто друштво и насмевка на лицето се најдобар рецепт за скршено срце.