Ако имате прашања во врска со бракот, д-р Воли Хајман ќе одговори на секое од нив.
Хајман има докторат по филозофија и психологија и објаснува дека секој брак поминува низ четири фази кој според него, треба да им бидат познати на сите што влегле во семејна врска.
Првата фаза трае три години или во просек – додека не се родат децата. Статистиката покажува дека повеќето парови живеат барем неколку години без деца по бракот. Овој период се карактеризира со бурни ноќи и забава, но мора да се биде мудар и да се искористи времето за да се зајакне меѓусебното разбирање и доверба еден во друг, советува Хајман.