Брзо се заљубувам во се што има душа … Затоа, ако ме видиш негде, сврти се и бегај …



Од лесно заљублива природа сум. Брзо се заљубувам во се што има душа. А дугмето за одљубување ми е дефектно. Па еве пееска терам вака и не ми е криво. Лесно засакувам, ама не сум од лесните за сакање. Не, стварно, ризик ти е мене да ме сакаш. Ќе почнеш да гледаш со мои очи, па ќе засакаш се што е живо. Ќе сакаш на секого да му се насмевнеш, секого да гушнеш. Со секого да го поделиш својот сендвич, сокче, солза, време, рамо…


А во овој свет ако си таков ќе те рачунаат за фију-фију. Ќе им служиш за потсмев дека не знаеш да вратиш на злото со зло. Ќе мислат дека си кукавица. Некои, на кои највеќе си им дал, највеќе ќе те повредат. И затоа немој да бидеш како мене. Мојата врста е во изумирање. Ние дефектните не сме во мода денес. Затоа, ако ме видиш негде, сврти се и бегај.

Автор: Драган Таневски