Брзата маска со авокадо за раскошна коса во домашни услови



Авокадото има голем број на вредни својства и се користи пошироко во козметиката. Домашната маска со авокадо се прави лесно, брзо и се одразува одлично на сувата коса. Еве и две корисни рецепти кои може да ги пробате.


За првата опција ви се потребни едно авокадо и две лажици маслиново масло (ако косата ви е многу долга, може да се стави и повеќе).

Исецкајте го авокадото на ситно, а потоа измешајте го со миксер. Додајте го маслиновото масло и мешајте додека не се добие хомогена смеса. Намачкајте ја косата, оставете ја да делува 30 минути и исплакнете.


Оваа мешавина делува исклучително добро и како маска за многу сува коса, а за таа цел се нанесува половина час пред миење на косата со шампон.

Втора опција – половина или целина авокадо, по ваша дискреција и две жолчки. Исецкајте го авокадото колку што можете поситно. Додадете две жолчки и добро промешајте. Нанесете го на косата за 15 минути и измијте со млака вода.


Авокадото му помага на кардиоваскуларниот систем и содржи омега-3 масни киселини.

Ја помага регулацијата на шеќерот во крвта. Тоа е многу погодна храна за бебиња и мали деца.

Постојат 80 видови на ова овошје во светот, се вика “плодот-чудо” поради содржината на најкорисните супстанции, од кои има потреба човечкиот организам.