Брус Вилис стана татко на петтата ќерка



Брус Вилис стана татко по петти пат и тоа повторно на девојче ! Сопругата на актерот, Ема Хеминг ја родила втората ќерка Евелин Пен во Лос Анџелес, во понеделникот (5 -ти мај). Според списанието US Weekly и бебето, и мајката се добро.


59-годишниот г- дин Умри машки се омажи за 35-годишната британска манекенка во 2009 година и двајцата веќе се родители на 2 -годишната Мејбел. Покрај тоа Брус има три ќерки ( 25-годишната Румер, 22-годишната Скаут 20 -годишната Талула) од претходниот брак со Деми Мур, со која беше во брак меѓу 1987 година и 2000 година.

Во меѓувреме, третиот поранешен сопруг на 51-годишната Деми – Ештон Катчер исто е на пат да стане татко за прв пат, бидејќи свршеницата Мила Кунис е бремена.


Пред две години Вилис го изјави за списанието Esquire следново: “Јас сум среќен човек, кој е вљубен во својата жена и во своите ќерки.”