Бронхопротект против инфекција на дишните патишта, а делува и антиалергиски




Стресното секојдневие, загадениот воздух, променливото време, големите температурни разлики помеѓу денот и ноќта, неминовно влијаат на природната отпорност на организмот. Со тоа се зголемува и склоноста кон акутни инфекции на горните дишни патишта што не прави ранливи и подложни на вируси и атипични бактерии, кои се насекаде околу нас. А токму вирусите 90-95% се причина за појава на респираторни проблеми и инфекции на дишните патишта (нос, крајници, уво и грло). Станува збор за респираторните вируси, за вирусите на грипот А, Б и Ц, корона вирусот, а поретко се предизвикани од бактериите: Streptoccocus pneumoniae, Streptoccocus pyogenes, Haemophilus influenzae и Moraxella catarrhalis. Тука е и најновата форма на Короната и други вирусни инфекции кои ги напаѓаат горните дишни патишта, но доколку не се превземе нешто навреме, или особено често кај децата, лесно се спуштаат и на долните дишни патишта (бронхиите или белите дробови). Во тој контекст е важно навременото делување, за да се спречи развој на несаканите компликации.

Иако најосетлива категорија се децата, вирусите не ги одминуваат ниту возрасните.


За поголемата честота на акутните инфекции на горните респираторни патишта придонесуваи подолгиот престој во затворени простории со поголем број луѓе, недоволно проветрените простории со сув и топол воздух, како што се на пример детските градинки, училиштата, работните места, кината, средствата за јавен превоз и слично.

И ако повеќето луѓе не се мачеа со покачена телесна температура, во најмала рака чувствуваа замор, слабост, поспаност, грозница, немир, раздразливост, главоболка, болки во мускулите и зглобовите, намален апетит, предизвикани од вирусните инфекции на дишните патишта. Кај некого предизвикаа дури и сува и иритирачка кашлица, задишаност, преминувајќи во акутно воспаление на белите дробови (бронхопневмонија и плевритис), оставајќи трајни здравствени последици.


Во овие услови кога спречувањето на инфекциите на дишните патишта се наметнува како здравствен приоритет, докторите и пулмолозите препорачуваат хербални решенија кои се базираат на природни состојки. Едно од нив е Бронхо протект додаток во исхраната уникатна комбинација на билни екстракти (екстракт од Реиши, Цитрусни биофлавоноиди, црно семе, рузмарин, кинески тегавец, куркума и витамините Ц и Д) кој ефикасно помага во заштита на белите дробови, го олеснува дишењето и ја одржува функцијата на респираторниот систем. Може да се купи во продажните центри на Натура терапи, како и во аптеките.

Се препорачува и за деца над 3 години, како превентива, има противвоспалителен ефект и го подготвува организмот да биде поотпорен на сите потенцијални инфекции. Ги проширува дишните патишта, овозможува полесно да се искашла секретот, делува антиалергиски, а има и антиоксидативно дејство, изјави Д-р Докиќ, во ТВ интервју.

Секако она што во континуитет треба да го правиме е здравата исхрана – внесување на доволна количина на течности, продукти богати со витамини, минерали, продукти кои содржат растителни влакна, како и продукти кои содржат малку маснотии, шеќери и вештачки ароми, и навремена употреба на хербални додатоци како БРОНХО ПРОТЕКТ.

Важна улога има и физичката активност, доволно сон и редовна прошетка на свеж воздух.

Зошто се толку чести акутните инфекции на горните дишни патишта?

Главните причини за така високата честота се:

  • начинот на пренесувањето на инфекцијата (преку близок контакт и допир),
  • структурата на респираторниот систем на човекот, како многу отворен органски систем,
  • постоење на голем број причинители на болеста,
  • недоволна и тешка превенција на болеста,
  • ограничени можности за лекување.

Антибиотици – кога?

Мораме да знаеме дека примената на антибиотиците во лекувањето на акутните некомплицирани вирусни инфекции на дишните патишта е неоправдана. Антибиотиците се применуваат за лекување на компликациите на вирусните инфекции (синузитиси и отитиси) и за лекување на стрептококната ангина.