„Бремена сум после три ин-витра, a животот ми го приреди најстрашното сценарио“- Исповед на Кристина од Куманово



Со Дарко сме во брак 10 години. Цело време се обидувавме да имаме бебе, но никогаш не се фаќаше. Јас и Дарко сме потполно здрави и способни да имаме дете, но ете Господ не сакаше да не дарува со тој благослов, пишува порталот Пинџур.


Поминавме низ многу доктори во Македонија и низ Европа и сите го кажуваа истото…„Вие сте потполно здрави, сеуште не дошол вистинскиот момент“. Бевме тажни, запрепастени, депресивни. Направив три ин-витра. Сите беа неуспешни. Моментот кога дигнавме раце од се, се случи чудо. Двете цртки на тестот за бременост јасно светнаа. Конечно бев бремена. Со Дарко бевме пресреќни, конечно нашиот сон се исполни. ,,Ќе станеме родители“, викавме на цел глас…

Бременоста се одвиваше многу добро. Јас се чувствував супер. ТАА, Леа, напредуваше одлично. Носев девојче. Името го избра Дарко. Едвај чекаше таа да се роди.


Текстот продолжува на следната страна:

Страни: 1 2