Бремена не значи дебела



Живееме со претставата (која патем е нездраво грешна) дека штом си бремена, сигурно ќе качиш многу килограми, ќе го изгубиш засекогаш стегнатото тело и ќе ја изгубиш убавата линија која си ја имала досега.


Добро дека сепак има жени како моделот Шонтел Данкан, кои да ги побие целосно овие сфаќања за бременоста.
Шонтел е австралијка, успешен модел и обожавател на салата.

Нејзината фотографија на која ја покажува својата фигура и бремениот стомак во 37-та недела од бременоста навистина предизвика бура на социјалните мрежи низ целиот свет


“Го почитувам своето тело, дисциплинирана сум и се грижам за своето здравје и фигура”, вели Шонтел.

Таа тврди дека тренинзите и физичките вежби не се одразуваат негативно на нејзината бременост и дека за неа најважно е да роди здраво бебе – мисијата на секоја идна мајка. Се разбира, спортот е умерен, без премногу оптоварување.


Се очекува Шонтел да роди кон крајот на месец март.