Бред Пит го потресе светот! Еве што напиша за Анџелина Џоли



Откако низ медиумите се појавија информации дека познатата актерка, Анџелина Џоли, денес има само 36 килограми, како и дека нејзиното здравје е сериозно загрозено поради анорексијата, повторно на социјалните мрежи се споделува љубовното писмо кое Бред Пит и го напиша пред пет години, кога исто така во тој момент актерката беше на работ на анорексија.


– Ја загубив надежта и бев убеден дека ќе се разведеме. Но, тогаш одлучив да направам нешто, напишал Бред на почетокот во писмото кое го потресе светот.

– Мојата жена е болна. Постојано беше нервозна поради проблемите на работа, проблемите во приватниот живот и поради проблемите со децата. Ослабе 15 килограми, беше тешка само 44 килограми во својата 35-та година од животот. Стана многу слаба и постојано плачеше. Не беше среќна жена. Имаше главоболки, болки во срцето и проблеми со рбетот. Не спиеше воопшто и беше изморена. Нашата врска беше на работ од развод. Нејзината убавина беше само сенка, таа престана да се грижи за себе – признал Бред и потоа напишал што го натерало да и помогне на Анџелина.


– Покрај мене ја имав најубавата жена во светот. Таа е идол на половина мажи и жени во светот, а јас ја имам таа привилегија да бидам покрај неа и да ја прегрнувам. Морав да и помогнам. Почнав да ја затрупувам со цвеќе, со бакнежи, со комплименти. Правев да се чувствува убаво и постојано ја изненадував. И давав многу подароци и живеев за неа. Во јавноста зборував само за неа. Ја фалев пред нејзините и нашите заеднички пријатели. Нема да верувате, но тоа успеа, Анџелина повторно процвета. Се чувствуваше подобро отколку претходно. Ги врати килограмите, повеќе не беше нервозна и ме сакаше повеќе од било кога. Не знаев дека може толку многу да сака. И тогаш сфатив: Жената е одраз на својот маж – ако ја сакате до лудило, таа и ќе стане тоа – заклучил Бред Пит.

Извор: Среќа.мк