Бред и Енџи излегоа на романтична вечера за двајца



Бред Пит и Анџелина Џоли излегоа на романтична вечера за двајца во Австралија. Покрај 6 -те деца, успешните кариери и хуманитарната работа на актерката, двајцата се поретко се среќаваат заедно.


Холивудската двојка сепак реши да се порадува на интимните моменти во рибен ресторан во Early beach, Квинсленд, кој според гласините бил омилен на Никол Кидман.

38-годишната Џоли изгледаше преубавo во црниот тоалета и високите потпетици во златно. 50 -годишниот актер носеше беж панталони и бела кошула.


Во последниот месец Џоли го снима својот нов режисерски проект ” Unbroken ” во Голд Коуст, Австралија. Со неа се и шесте деца.

Пит во моментов го поминува своето време во Англија, каде снима филм.