Бразилски орев помага на слабеењето



Бразилскиот орев содржи големи количини селен и тоа го прави исклучително корисен за здравјето. Селенот е неопходен антиоксиданс кој ја задржува младоста, возвраќа на штетното влијание на слободните радикали, кои се главните виновници за стареење на кожата.


Бразилскиот орев содржи и многу протеини и влакна. Тие од своја страна помагаат за контролирањето на чувството на глад и така диетата станува поефикасна. Контролирањето на гладот ​​е од суштинско значење за симнувањето на вишокот килограми.

Сите знаеме колку се важни омега масните киселини, а во бразилскиот орев тие се во изобилство. Тие содржат омега- 6 масни киселини, кои го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести. Покрај тоа, бразилскиот орев го намалува лошиот холестерол и така ве штити од инфаркт и мозочен удар.


Природно, не треба да се претерува со бразилскиот орев, бидејќи потрошувачката на големи количини селен и акумулацијата во организмот може да биде опасна. Селенот, кога е во големи дози, може да предизвика замор, главоболка, нередовен стомак и раздразливост. За дамите се препорачува усвојување на 55 микрограми дневно.