Бразилска депилација: Кај козметичарката „на сите четири“



Кога ќе се решат да ја депилираат интимната зона, голем број жени ја бира бразилската депилација.


Од плажите во Бразил до карневалот во Рио, Бразилките ни покажуваат дека сакаат мазна кожа на секој дел од телото.

Бразилската депилација може да се изведе на различни начини. Класична метода е онаа кога лежите на грб, а нозете ви се свиткани и раширени, но во Бразил се применуваат и други не толку релаксирани пози.


На сите четири

За оваа поза клечите на рацете и нозете на масата за депилирање. Козметичарката од вас ќе побара да се потпрете на лактите и да ги раширите нозете.


После тоа се нанесува восокот и се вадат влакната. Можеби мислите дека ваквата положба е незгодна за личноста што се депилира, но барем со него избегнувате контакт очи во очи.

Променета класична поза

Сепак лежите на грб, но нозете се раширени и кренати во воздух. После депилирањето се нанесува алое вера како антисептик, за да се намали црвенилото.

Во поединечни салони во Бразил се користи кокосово масло кое кожата ја прави свиленкаста.

Ралични начини на примена

Салоните во Бразил користа дебел слој на восок. Оваа практика е различна во други земји.

Во Велика Британија се употребува восок растворлив во вода, кој ги опкружува сите влакненца, па поради тоа е ефикасен и долготраен.