Бразилка стана највисоката вереница во светот



Елиза да Круз Силва беше прогласена за највисоката вереница во светот, пренесе The Daily Mail. 18 -годишната Бразилката е со раст 203 сантиметри.


Елиза и нејзиниот иден сопруг Франсиналдо да Силва камперски се запознале пред повеќе од три години. “Имав само 16 години кога се запознавме. Едноставно си играв со него и го доживував повеќе како ривал – сакав да го удрам секој пат кога ќе го видам.”, се сеќава Елиза. Со времето неподносливоста кон идниот соруг се трансформирала во симпатија, а потоа и во љубов.” Се почесто го забележував во друштво на атрактивни девојки и почнав да му љубоморам. Посакав да го запознаам одблизу”, вели Елиза. За разлика од неа Франсиналдо е категоричен дека се заљубил на прв поглед и уште тогаш сфатил дека треба да бидат заедно.

По едногодишен заеднички живот Франсиналдо и дал предлог за брак. Сега двојката живее во мал дом во бразилскиот град Салинополис и се подготвува за нејзината свадба.