Брајан Адамс доаѓа во Софија



Светски познатиот музичар Брајан Адамс ќе одржи концерт во Бугарија оваа есен. Веста ја соопшти самиот музичар на неговиот Facebook профил. Настанот ќе се одржи на 11 октомври во главниот град во салата “Арена Армеец”.


Концертот е дел од светската турнеја на рок изведувачот што започна на 8 април во САД. Со него тој ќе го претстави новиот албум Get Up.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од 8 април во мрежата на Eventim на цени од 60 до 120 лв.


Брајан Адамс е една од најголемите легенди во историјата на музиката, со продадени над 65 милиони албумот и безброј хитови.