Според страницата „Aγιορειτικες μνημες“ („Светогорски сеќавања“), чудото се случило на почетокот од овој месец во свештениот манастир Дохијар на Света Гора.
Чудото го објавил еден монах кој присуствувал на настанот, а за него говорел и на едно предавање во Солун. Имено, во манастирот Дохијар се наоѓа чудотворната икона на Мајката Божја наречена Горгоепикоос (Брзопослушница).
Секој ден, преподобниот старец Григориј заедно со братството го чита Молебниот канон кон Пресвета Богородица токму пред оваа икона, и притоа се читаат стотици имиња на живи и упокоени христијани, со цел Мајката Божја да ги услиши што поскоро молитвите на верните.
Чудотворната икона на Пресвета Богородица Според објавеното сведоштво, во манастирот, покрај братството, на поклонение било дојдено и 18-годишно момче од Струмица кое било немо. Тоа било дојдено со некој роднина од Солун, кој му раскажувал за манастирот и за чудотворната икона на Мајката Божја.