Божјата правда не забиколува никого: Сè во животот се случува со некаква причина



Често се жалиме на негативните работи кои ни се случуваат заборавајќи дека ништо не е случајно и дека се се случува со причина, пишува семе синапово.

Си бил еден крал кој не верувал во Божјата добрина имал еден роб кој во сите ситауции знаел да каже: “Кралу мој, немојте да бидете обесхрабрени, се што прави Бог е совршено. Тој не греши.“

Еден ден по кој знае пат отишле заедно на лов. Во текот на ловот едно диво животно во самоодбрана го нападнало кралот. Неговиот роб успеал да го убие животното но не успеал кралот да не го изгуби својот прст. Лут и без никаква благодарност што е спасен го прашал робот: “Дали е Бог добар? Да беше добар јас немаше да бидам нападнат и немаше да го изгубам прстот.“

Робот му одговорил: “Кралу мој, и покрај се, јас можам да ви кажам дека Бог е добар и Тој знае зошто сето тоа се случило. Се што прави Бог е совршено. Тој никогаш не греши.“

Страни: 1 2 3