Божица на 46 години. Која е тајната на совршениот изглед на Џеј Ло?



Ја познаваме како актерка, пејачка, танчарка, моден дизајнер, филантроп и многу повеќе, таа е личност која се издвојува од останатите холивудски ѕвезди, како оригинална и искрена личност. Џенифер Лопез никогаш не престанува да нè восхитува сите нас. Таа ја забавува публиката со нејзините таленти и шарм, но она што некои од вас не го знаат, е тоа дека Џеј Ло е една од малкуте жени на светот, која си го сака сопственото тело онакво какво што е и е посветена секогаш да изгледа добро и претставително. Погледнете ги нејзините вежби и диета, а доколку решите да ги спроведете нејзините совети во акција, бидете сигурни дека ќе останете самоуверени како неа во самиот процес.


Лопез ја истакнува важноста на здравјето и додава дека да се биде фит, не значи дека треба да се жртвуваме да не ја јадеме онаа храна која ја обожаваме и дека е сосема во ред да си дозволиме да ја консумираме понекогаш. Се прашувате со што Џеј Ло го храни нејзиното беспрекорно тело? Погледнете што таа јаде во 1 ден. Дополнително, можете да ја пробате и оваа популарна 3-седмична диета која топи до 10 кг, без јо-јо ефект.

Појадок


Протеинско смути со зрнести плодови:

30 г протеин во прав од брендот BodyLab TastyShake
150 г јагоди
50 г боровинки
50 г малини
50 грама грчки јогурт
¼  лажичка цимет
¼ супена лажица мед
¼ лажичка свежо цеден лимонов сок
3 коцки мраз


Ручек

Салата од кељ и кашкавал:

1/2 кг ситно исечкан кељ (отстранете го тврдото стебленце од листовите)
2 супени лажици тостирани семки од тиква
20 грама рендан кравји кашкавал
2/3 супена лажица свежо цеден лимонов сок
2 супени лажици ладно цедено маслиново масло
1/2 поголемо кромитче од врстата шалот (сечкано)
Морска сол по вкус

Ужина

1 јаболко со средна големина

Вечера

1 парче пилешки гради печено на скара без коски и кожа
50 грама малку пропржен прокељ
100 грама печен сладок компир, со морска сол

Десерт

Колаче со чоколадни парчиња (вид Chocolate chip cookie)

Лопез исто така додава дека се обидува да остане што е можно похидрирана во текот на целиот ден, пиејќи поголеми количества вода.

Согласно дадената исхрана на Лопез, можеме да заклучиме дека таа внесува околу 1390 калории во еден ден. Една просечна жена треба да внесува најмалку 1200 калории дневно, а мажите треба да внесуваат 1800 калории дневно, што значи дека нејзината исхрана е во идеален баланс.

4 (2)

Совети за здрав животен стил од незаменливата R&B божица:

Таа има позитивен став за себе. И Џенифер, исто како и секој друг човек на планетава има свои добри и лоши денови, но во тие вторите, таа настојува да се фокусира на позитивните мисли. „Исто како и сите други, имам денови кога се чувствувам прекрасно веднаш после станувањето од кревет, но има и такви во кои се чувствувам изморено или едноставно не сум подготвена да се соочам со денот кој ме чека. Да бидам искрена, во тие денови јас навистина настојувам да размислувам позитивно. Се трудам да се хранам здраво и размислувам за моќта на позитивното размислување, за да можам да го доведам мојот ум и дух на вистинското место и да се соочам со сето она со коешто треба да се соочам“.

Има здрава телесна фигура со причина. Можеби е позната по нејзиното тело, но Џеј Ло знае што значи да не изгледаш добро. Многу луѓе се сеќаваат на нејзиниот проблем да го врати телото во нормала по раѓањето на близнаците, но таа не си дозволила притисокот од јавноста да ја вознемири. „Ми текнува дека додека бев бремена гледав како грбот, задникот и стомакот ми растат од ден за ден и си мислев дека никогаш повеќе нема да бидам истата личност. Се сеќавам како после породувањето моите бутови беа тотално непропорционални во однос на моите глуждови и имав некое чудно, растресено стомаче. Но, јас ги сакав сите тие промени. Јас го заслужив тоа растресено стомаче! Потоа, го вложив сиот напор за да го вратам моето тело во добра форма, а за тоа верувајте ми беше потребно многу време, дури цела година.“

3Има желба добро да се испоти. Џеј Ло вели дека се изборила со вишокот килограми после раѓањето на близнаците, поради нејзината максимална посветеност и обемната комбинација од разни вежби како што се клекнувањата и исчекорите. Таа верува дека нема ништо подобро од вежбањето само со тежината од сопственото тело, кое ќе ви помогне во намалување на тежината и во распределбата на мастите. „Јас сум како боксерите во својот ринг, кога станува збор за вежбање на моите кардио вежби. Понекогаш кога ќе си дојдам дома и не се чувствувам баш добро, се терам себеси да појдам во вежбалната. Потоа се враќам дома, се туширам, облекувам убава облека, ставам малку шминка, ја заврзувам косата нагоре и се чувствувам освежено, ведро и одлично!“

Има исклучително здрави навики. Таа не се журка до раните утрински часови како други ѕвезди, и тоа е очигледно. Таа го задржува нејзиниот завиден сјај, дури и после 16-часовен работен ден, со само неколку здрави навики: исхрана која исклучува шеќер и сол, контролирање на големината на порциите, одбегнување цигари и алкохол и спиење по 8 часа дневно. „Мораш да вежбаш и мораш да пазиш што јадеш. Пред сè, мораш сериозно да се фатиш за работа.“

Конзистентноста во вежбањето е најважна. Џенифер верува дека имањето цел не е доволен фактор сам по себе, за да го оформиме тоа беспрекорно фит тело со кое ќе бидеме задоволни. Таа вели дека треба на некој начин да си го програмираме и телото и умот да „мислат“ на самите вежби и да им дадеме до знаење, дека тоа е наша секојдневна рутина. Според неа, токму овој став ќе направи да се чувствуваме убаво во врска со нашето тело и од друга страна, нема да треба со сила да се принудуваме да одиме во вежбалната.

2 (1)Нејзиниот режим на исхрана не е престрог. Немојте да престанете да јадете – правилото број 1 на Џеј Ло е да не се изгладнуваме, туку само да ја намалуваме тежината. Изгладнувањето ќе придонесе да ја изгубиме енергијата, а не масните наслаги. Таа одамна има сфатено дека т.н. конфекциски број нула е стар, неважечки концепт и кога секој од нас еднаш ќе успее да го сфати тоа, тогаш остатокот од патувањето ќе биде лесен.

Јаде нутритивна храна, 5 пати дневно. Кога станува збор за здравата исхрана, Џенифер не прави никакви компромиси. Напротив, таа ги јаде вистинските нешта, во вистинското време. Од кафе, мисирка, пилешко на скара, до динстани лососови филети, безмасна урда и морски ракчиња, таа го јаде сето ова, во еден ден.

Не советува да не бидеме лакоми. Актерката вели дека таа не се опседнува со исхраната и го јаде она што навистина ѝ се допаѓа. Единствено внимава на количините, но внесува сè, од јаглехидрати, месо, брза храна, па дури и чоколадни колачиња. Според нејзино убедување, секој од нас има предодредена генетска структура која ни одредува каква храна можеме да јадеме и во колкави количини. Здебелувањето доаѓа кога јадеме нешто кое не е во согласност со нашите гени, па така Џени го јаде сето она што го дозволуваат нејзините шпански гени.

Внесува протеини и течности. Диетата на Џенифер пред сè се состои од консумација на многу протеини, преку месо и храна од соја. Протеините му помагаат на телото да ја одржува својата форма, на начин што брзо ги обновува клетките кои изумираат и го забавуваат процесот на стареење. Водата, исто така, заедно со минералите во неа му дава сјај на лицето, а воедно и го освежува и чисти телото однатре.

Сакањето на вашето тело е еден од најважните чекори во патот кон остварување на вашата цел. Џен го следи ова едноставно правило и погледнете ја! Сигурни сме дека повеќето жени ширум светот сонуваат да бидат многу слаби како манененки, но Џенифер се залага за нешто што е реално и исклучително здрави, што прави уште повеќе да се угледуваме на неа.

Автор: Кристина Шумадиева

 

Извори:

http://www.vibe.com/2015/05/jennifer-lopez-diet/

http://www.celebuzz.com/2015-05-22/jennifer-lopez-diet-food-meal-plan-recipe/

http://www.popsugar.com/fitness/Jennifer-Lopez-Diet-Exercise-Routine-31030069

http://healthyceleb.com/jennifer-lopez-workout-routine-diet-plan/5652