Боранија на медитерански начин



Зеленчук кој може не е толку омилен кај најмладите, па затоа изненадете ги со поинаков вкус.


Состојки:

Половина килограм. боранија
1 лажица маслиново масло
главица кромид
и чешне лук
500гр. домати
лажица зачин
2 лажици исечкан босилек
магдонос


Подготовка:


Боранијата се чисти, се мие и се вари во солена вода 15-20 мин. На маслиновото масло со малку вода се динста исечканиот кромид, исечканите домати во коцки, сето тоа се посипува со зачин и се остава на тивок оган 10-тина мин. Сварената и исцедена боранија се вмешува во сосот од домати и се додаваат магдоносот и босилекот.