БОЛНА ИСПОВЕД НА АКТЕРКАТА ОД „ПАРАМПАРЧЕ“ – ШТО СЕ СЛУЧИЛО МЕЃУ НЕА И ЏИХАН



“Навистина е многу лошо… Кога би проговорил, би се зборувало за тоа на сите страни!” Еркан Петеккаја кој ја има главната машка улога во серијата “Парампарче” го изјави ова за Нурѓул Јешилчај, која ја толкуваше улогата на Ѓулсерен во хит серијата. Се прашувам, што тоа направила Нурѓул? Всушност, што е толку лошо за да би се зборувало за тоа на сите страни? Мора нешто ужасно да криела, мора да има некоја маана. Или порано ја имала.


Како што и било напишано во сценариото на серијата, Нурѓул сметала дека двајца заљубени мора понекогаш да се бакнат, а Еркан на тоа реагирал со зборовите “Тебе посебно те интересираат тие бакнежи! Ти си навикната на такви работи!” Одбивал да снима бакнежи. Еден од изговорите бил тоа дека наводно на конзервативната публика во Анадолија ќе им биде непријатно да гледа такви сцени.

Нурѓул е самохрана мајка на дете од 11 години. Веќе не сакаше да молчи по повод тврдењата на Еркан Петеккаја. “Јас не сум лесен плен!” рече и раскажа сѐ во едно интервју.


Во интервјуто кое следи, Нурѓул раскажува како започнал конфликтот со нејзниот колега Еркан, познат како Џихан од “Парампарче”. И токму поради тој конфликт меѓу двајцата, актерката ја напушта серијата, а сценаристите се приморани да го убијат нејзиниот лик – Ѓулсерен.

Каква е приказната за Еркан Петеккаја и серијата “Парампарче”?


– Пред сѐ, сакам да го кажам следното. Јас не сум некој кој сака да зборува за нешто што завршило. И до сега не сум зборувала за тоа. Одлуката беше заедничка, 52 епизода заврши и нашите патишта продолжија во различни правци. Но од друга страна, тој продолжи да зборува за тоа. На крај краева изјави “Ако би кажал кои се вистинските причини, Нурѓул не би смеела да излезе на улица.” нешто кое е толку ниско. И се разбира дека тоа не ми се допадна! Тоа звучи како да сум направила некакво срамно злодело. Па штом така, тогаш и јас ќе кажам сѐ што имам. Ако играме така, ќе играме до крај.

Еркан Петеккаја не сакаше да снима сцени со бакнежи иако тоа го пишуваше во сценариото. Тоа можевме да го прочитаме во весниците. Наводно изјавил “Во мојата Анадолија има конзервативни гледачи…”. Која е правата вистина?
– Би раскажала сѐ од почеток. Претходната година почна да зборува вака: “Нема да глумам заљубен пар со тебе.” Оваа година, таа негова изјава во целост се покажа. Јас реков: “Зошто?” , “На крај краева, јас глумев и лезбејка и проститутка… Сѐ можам да глумам. Ние сме глумци. Како може поинаку? Како можеме да кажеме дека нешто не сакаме да глумиме.” А тој на ова одговори: “Ќе разбереш…”

Извор: среќа.мк