Болестите на нечистиот кревет



Еве какви болести може да предизвика нечистиот кревет, наведуваат специјалистите.

Една петтина од луѓето ги менуваат чаршафите на креветот во спалната соба дури еднаш месечно. Тие сепак не знаат дека тоа може да предизвика астма, егзема и затнат нос, бидејќи нечистите чаршави привлекуваат грини кои предизвикуваат алергии.

Анкетата спроведена меѓу 2.000 Британци, покажува дека само двајца од секој пет лица, ја менува постелнината секоја недела во согласност со препораките на експертите.

36% од луѓето ги менуваат чаршафите на секои две недели, а 17 отсто признаваат дека ја менуваат нечистата постелнина еднаш месечно или поретко.

Д-р Адам Фокс, детски алерголог од Лондон, предупредува дека нечистата постелнина може да влоши голем број здравствени проблеми.

Една третина од животот ние ја поминуваме во спиење. Во тоа време човекот остава отпад во кревет: клетките кои паѓаат како последица на триењето на кожата, телесни течности, потта. Сето ова привлекува грини, вели д-р Фокс.