Бојата која никогаш не излегува од мода



Дали сте подготвени за долгоочекуваната вечер? Се одлучивте ли веќе за вашиот омилен фустан и чевли? Сигурни сме дека повторно ќе бидете меѓу убавиците на вечерта. Но, за да блеснете силно со совршен изглед, треба да изберете соодветна шминка.


Нежните розови нијанси никогаш не излегуваат од мода и секогаш се погодни за романтична вечер, прошетка или лудо женска забава. Тие ги истакнуваат природните карактеристики на лицето и создаваат чувство на женственост.

Токму во очите се крие магијата на розово! За да ги направиме навистина убави, можеме да користиме комбинација од неколку нијанси. Прво може да нанесеме светли сенки за очи со помош на четка врз целиот очен капак. На овој начин ќе се создадете соодветна основа и ќе ги избришете непријатните разлики во бојата. Потоа нанесете потемна нијанса розова или виолетова во основата и надворешниот дел на очниот капак. Со истата нијанса обележете ја внимателно основата на долните трепки, за да креирате комплетност на шминката.


Усните исто така можеме да ги поминеме со некој елегантно избран кармин во розе боја.

Како што споменавме порано, ова лето розовото е во мода, не само за трендовите во шминката, но и за ноктите. За да бидат ноктите во тон со шминката, креирајте боја и интересни нокти во различни нијанси.