Научник од Универзитетот на Охајо ја анализирал статистиката за успесите на жените во последната половина на векот и стигнал до заклучок дека блондинките не само што не се глупави од дамите со други бои на косата, но дури поседуваат повисоко IQ и често се генијалци.
Сите психолошки и социјални истражувања од последните години сведочат дека стереотипите многу силно влијаат врз вработувањето на нови вработени, покачувањето на старите и други социјални феномени, пишува Џеј Загорски во списанието Economic Bulletin.
“Нашето истражување убедливо покажува дека блондинките не треба да се дискриминираат поради “ниското” ниво на интелект”, се вели во статијата.
Загорски стигнал до таков заклучок, откако ги анализирал податоците за нивото на IQ, животните успеси и другите социо-економски параметри.
Резултатите покажале прилично неочекувани резултати – нивото на IQ кај блондинките било во просек 103,2 поени кои е максимално највисокиот резултат за сите категории жени. Бринетите им отстапиле малку – нивниот IQ просек бил еднаков на 102,7 поени. Кај црвенокосите учеснички IQ-то било 101,2 поени, а кај жените со кафеава коса – 100,5.
Сето ова покажува дека блондинките воопшто не се глупави од жените со други бои на косата, а понекогаш дури и ги надминуваат.