
Еден од најбогатите парови во светот на шоубизнисот – пејачката Бијонсе и раперот Џеј Зи, очекуваат близнаци. Бијонсе соопшти дека ќе станe мајка на социјалните мрежи:
“Ние би сакале да ja споделиме нашата љубов и среќа. Бевме благословени двапати. Исклучително благодарни сме дека нашето семејство ќе се зголеми за две лица и благодариме за вашите желби. Семејството Картер.”
Таа се фотографираше во долна облека пред огромен венец со цвеќе. За 11 часа сликата собра над 7 милиони допаѓања.
Бијонсе и Џеј Зи имаат и ќерка Блу Ајви која во јануари наполни 5 години.