Без да каже збор, полека си замина, ја напушти, ја остави сама…



Замина тивкво.


Чекор по чекор.

Без збор.


Полека полека, си замина.

Без да каже збор, си замина, ја напушти, ја остави сама.


Ја избриша љубовта, ја избриша неа. Не знаеше зошто.

Само знаеше  дека сака мир.

Знаеше дека не сака да ја повреди, не сакаше да ја разочара.

Бидејки тој беше научен на лажно љубење, лажни луѓе, лажна љубов, лажни допири.

Тој беше научен на осаменост.

Не знаеше како е да си сакан искрено.

Не знаеше како е да се биде среќен.

Беше научен на болка, самотија.

Борба самиот со себе.

Не знаеше како да ја чува, се плашеше.

Се плашеше од тоа дека таа е посилна од него.

Дека може да го промени.

Се плашеше да биде сакан.

Едноставно се  плашеше да биде среќен.

Автор: Ангела Пецанова