Короната е скапа работа чини пари, здравје, чини и живот.
Штотуку почнав да се опoравувам од директната сообраќајка, повредена со потрес на мозок, истегнување на врат и повреда на пршлени. Барав начин за физикална терапија и сè последователно. Но, КОВИД сезона треба да се чека!Замислете се повредувате на 22 август а еден дел од терапијата да ви почне на 20 септември, другиот дел на 27 септември!!И додека се шалташ од ходник во друг болнички ходник ја добиваш на поклон и короната. Ваму неизлечен ваму нова состојба за лице со хронична болести со куп компликации здравствени. Оставени сте сами на себе. Буквално!Правиш тест приватно за државно ќе чекаш, правиш безброј други испитувања пак приватно. Влегуваш во изолација,треба да се бориш со Ковид, а богами и со опстанок финансиски, бидејќи трошите а не примате никакви примања. Кирија,сметки чекаат и се по ред. Листата на црната хроника може да се продолжи бесконечно,но да се осврнам кон најважното. Поклон до земја на нашите медицински лица кои работат во многу лоши услови а сепак помогаат и спасуваат живот.Преживеав, бев вакцинирана, во други околности немаше да стигнам да го пишувам ова. Последици си имам, тромбозирано стапало, КОРОНАТА НАВИСТИНА УДИРА КАЈШТО СТЕ НАЈСЛАБ,(ногата) тешко дишење, меморија итн.ковид19 има висок данок и чини пари, здравје, чини и живот. #ВАКЦИНИРАЈСЕ #VAKSINOHU
Некогаш сме големи. Некогаш, ситни како трошка. Тогаш светот не постои. Постојат оние битки во нас, кои нѐ копаат до секоја душевна длабочина.
И тогаш…учиме да станеме, да викнеме, да молчиме, да сјаеме.
За сите битки.
И сите победи.
Бев вакцинирана се спасив! ВАКЦИНИРАЈ СЕ!
Бев вакцинирана се спасив: Штотуку почнав да се опoравувам од директната сообраќајка, повредена со потрес на мозок …
Објавено на 09/28/2021