
Активистот Луми Бекири се приклучи на низата коментари кои следуваа по насилството кое се случи во Штип. Тој на својот фесјбук профил напиша:
„Згрозен од видеото кадешто се гледа ужасно и брутално насилство врз девојка од Штип од страна на двајца машки монструми. Исто така згрозен и од коментарите кои се обидуваат да го морализираат или оправдаат насилството. Згрозен од се.
Згрозен и од коментарите од типот “ова не се прави мажи” и слично. Не, токму овие се мажи. Тие се израснати токму како мажи во едно машко доминирано општество со патријархална матрица, а со тоа научиле и дека тие имаат секакво право врз физичкиот, менталниот и емотивниот интегритет на секој друг поинаков од нив, особено на жените.
Машкоста не е појава која треба да ни асоцира храброст за фер борбеност и спремност за ненасилна комуникација, имено мажите го докажале токму спротивното низ историјата.
Да, тие се истите мажи кои со векови се до ден денес вршеле фемициди, тортури и злосторства врз жените. Да, овие се мажи од истата матрица дека жените се помалку вредни.
Продолжува на следната страна:
Страни: 1 2