Бебето не е воодушевено од доаѓањето на овој свет – погледнете го изразот на неговото лице


Фотографијата на малата Изабела стана вирален хит.

Светот може да биде ладно, темно место и се чини дека никој не го разбира подобро од бебето Изабела Переира де Исус – новороденчето кое има најслатко сериозно лице. Нејзината фотографија стана вирална откако фотографот Родриго Кунстман ја сподели на Фејсбук. Малата Изабела е родена по царски рез на 13 февруари во Рио де Жанеиро, Бразил.

„Родена сум денес, a немам ни облека“, напишал фотографот со овој смешен сериозен израз на лицето. Коментарот предизвика многу смеа, а фотографијата од шармантната Изабела го обиколи светот.