Базар на рачни изработки во Рамстор Мол



Трговскиот Центар Рамстор Мол од 22.12 до 26.12.2021 ќе биде домаќин на новогодишниот базар на рачни избработки.



Традиционално и оваа година во предновогодишниот период во просториите на Рамстор Мол ќе имате можност да ја збогатите вашата колекција со некоја од рачните ракотворби од вредните раце на македонските ракотвроци кои изработуваат уникатни парчиња накит и облека, предмети, изработки од срма, рачно избработени плетени играчки, новогодишни украси и предмети.


Овој базар е одлична можност да го одберете најуникатниот поклон за вас и за вашите најмили за новогодишните празници.



Бидете дел од новогодишниот базар во Трговскиот Центар Рамстор Мол каде ве очекуваат многу изненадувања, дружења и подароци.