Антициклонот продолжува: Еве што ни носи утрешниот ден (вторник)



Под влијание на висок воздушен притисон и на стабилна и сува воздушна маса утре (20.12.2016) времето во Македонија ќе биде претежно сончево додека во југозападните предели ќе има умерена облачност која повремено и локално е можно да се зголемува.


Ќе биде претежно тивко додека долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -9 до -2 степени, на повисоките места и на планините температурите можно е да бидат и пониски.


Максималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!