Aнгелите на Victoria’s Secret направија вистинско шоу на “розевиот тепих”



На “розевиот тепих” во Њу Јорк се одржа спектакуларното модно шоу на Victoria’s Secret по повод нивниот 16-годишен јубилеј.

Темата на шоуто за оваа година беше “It’s a show time” и беше поделено на шест дела кои вклучуваа: балет, страст, супер ангели, подводен свет, “I put a spell on you” (New Orleans) и диско клуб Pink. Како секогаш, овoj гламурозен настан беше придружуван од настапите на многу ѕвезди како Maroon 5, Nicki Minaj, Kenye West, а како изненадување се појави и познатиот рапер Jay – Z.

Неверојатните 69 креации на Victoria’s Secret ги носеа 38 модели од кои вреди да се издвојат неколку од нив. Miranda Kerr која кратко по породувањето се врати на модната писта, го носеше градникот со дијаманти Fantasy Treasure Bra кој вреди 2,5 милиони долари. Alessandra Ambrosio пак блескаше со крила направени од 105 000 Swarovski кристали, а Adriana Lima, врвната божица кај која не може да се забележи дека е новопечена мајка, сјаеше во црна варијанта.

Покрај веќе споменатите ѕвезди,  тука беа и Beyonce и Orlando Bloom во улога на поддршка на своите сопружници Jay – Z и Miranda Kerr. Овогодинешниот моден спектакл на Victoria’s Secret бил подготвуван 12 месеци, а чинел 12 милиони долари, па со право може да се каже дека претставува незаборавно искуство на годината. Погледнете дел од него!