Анџелина Џоли ја пропадна свадбата на една Британка



Идната невеста не може да се омажи, поради фотографии на филм со ѕвездената двојка Бранджелина

Идната невеста Марија Арпа го избрала за место на својата свадба егзотичниот остров Малта. Но, нејзините планови биле пропаднати, поради фотографии на новиот филм на Бред и Анџелина. Англичанката, која работи за добротворна организација во Лондон, си мечатела да се омажи на плажа на островот Гозо оваа есен. Но, пред три недели дознала дека локалните власти ги забранија сите дозволи, заради фотографиите на лентата.

Марија била силно разочарана од фактот дека заради ѕвездената двојка нема да може да ја оствари свадбата на нејзините соништа. Таа дури побарала да се поврзе со нив и да ги замоли да не го расипуваат најсреќниот ден во нејзиниот живот.

Но, до моментов сите обиди на идната невеста да се поврзе со претставници на холивудкста двојка се безуспешни. Таа се жалела дека не сака ништо од Анџелина, туку само женска солидарност и разбирање.

“Тоа е како да посакаш услуга од сосед. Јас би го направила истото за неа”, вели Марија.