Амбициозните жени се магнет за мажите



Амбициозните жени доста често беа критикувани од општеството. Најчестото обвинение кон дамите е дека тие не сакаат да ја исполнат својата улога на мајка, бидејќи секогаш имаат некоја цел кон која се стремат.


Многу често амбициозноста за жените се разбира како порок, за нешто грешно и целосно неприродно. Често се коментирал и фактот дека амбициозните дами се исклучително бескомпромисни и воопшто не би прифатиле да имаат врска со маж кој има постигнато помалку од нив, велат од магазинот ezine.

Од една страна во тоа нема ништо чудно – повеќето мажи не би се чувствувале добро до девојката, која многу повеќе успеала од нив. Нејзиниот професионален успех порано или подоцна ќе се одрази на нивната врска.


Иако често се претпоставува дека мажите дури се плашат од ваквите жени, една нова студија целосно ги побива овие мислења. Излегува дека мажите не само што се плашат, но и се чувствуваат силно привлечени од амбициозните дами.

Ако сепак сте задоволни од животот што го водите, и се стремите да постигнете повеќе – тоа дефинитивно е магнет и за двата пола. Господата ги сакаат жените кои ја прифаќаат работата одговорно и покажуваат страст кон неа.


Исклучително привлечна за мажите е и решителната жена која знае кои се нејзините цели, знае како да ги постигне и освен тоа зрачи со позитивизам, покажуваат резултатите од истражувањето.

Специјалистите се категорични дека жените кои поседуваат слични квалитети, сигурно ќе успеат да го привлечат вниманието на мажите, од кои се заинтересирани.