Алтернативниот рок бенд Cruel со видео запис за песната „Сѐ ќе помине!“



Алтернативниот рок бенд Cruel од Скопје, е прилично активен на музички последните години со многубројни настапи на македонската сцена. Бендот активно свири со преку 25 свои авторски песни и настапи на повеќе фестивали во земјата како Андерфест, Аларм фестивал, Дојран Рок Фест, Земјотрес итн.


Бендот е формиран уште во 1996 година во Скопје од страна на гитаристот и вокал Новица Василевски и тапанарот Трифун Јосифовски, за потоа составот да се надополни со бас гитаристот Николовски Николче Ниџо.  и настапи на поголемите фестивали во земјата.

Тие, денес на 2ри август го објавија видео записот за песната „Сѐ ќе помине!“. Режија на видеото е Милан Блажевски, а за камерите се погрижи Јосип Здравковски.


Претходната година го објавија видео записот за песната „Ова сум јас“.