All I want for Christmas – нова верзија од Justin Biеber и Mariah Carey



На овогодинешното пуштање на светилките на Њујоркшката елка во Божиќниот Rockefeller Центар, во средата вечер настапија многу ѕвезди од кои најголемо внимание привлече 17-годишниот Justin Bieber кој го промовираше своето најново видео кое всушност претставува преработка на познатата All I want for Christmas испеана од Mariah Carey.

Таа секако и овој пат зема учество и во песната и во спотот кој мора да признаете дека побудува доста пријатни емоции. Погледнете го и уверете се!

Колку за потсетување, еве ја и оригиналната All I want for Christmas направена далечната 1994 кога Biеber имал само една година 🙂