Ако ви паѓа коса, пијте од ова или направете си маска



Медот и циметот се користат во народната медицина, поради добро познатите лековити својства и здравствени придобивки. Ако го употребите овој народен рецепт, ќе бидете сведоци на една неверојатна трансформација на косата.


Можете да спречите губење на косата преку консумирање на оваа домашна напивка преку целиот ден. Додадете една лажица мед и половина лажичка цимет во чаша млака вода.

За да биде успешна терапијата, треба да се консумираат 4 до 5 чаши од оваа мешавина. Ако имате низок крвен притисок, се препорачува само маската, а пијалокот може да ви наштети, заради познатите својства на циметот, кои го намалуваат крвниот притисок.


Можете исто така да направите маска за коса, приготвена од една лажица мед, една лажичка цимет и лажица топло маслиново масло.