Ако тој не се јави …



Животот треба да те научи дека има далеку повозбудливи нешта од тоа да го чекаш телефонскиот повик. Затоа најдете си нешто друго за правење, наместо да се чудиш кога и дали ќе се јави.


На сите ни се случило: да се закачите со пријатен интересен маж и со нетрпение да очекувате да излезете повторно. Но поминувате неколку дена, тој не се јавува и ти почнуваш да се чудиш дали воопшто ќе излезете повторно.

Погледнете што да направите во три чекори, така што ќе се чувствувате добро.


Да му се јавиш ТИ или не

Очигледно решение е да му се јавиш ти, но во периодот на истражување ниту еден од двајцата не е сосема свесен во каква ситуација се наоѓа другиот – може да е зафатен во работата, да има некакви семејни обврски, или не брза да оди по средби, или пак има проблем со комуникација, или пак е оженет. Нема како да знаеш.


Да седиш и чекаш

Оваа фаза е многу слична на ситуацијата, кога актерите се “на чекање” (тие се меѓу неколкумина избрани за улогата и не треба да се фатат за друга работа на соодветните датуми). Кога си на чекање не знаеш какви фактори се одлучувачки. Во овој период продуцентите можат да одлучат дека си премногу ниска или премногу висока за улогата, или пак целосно ја препишуваш улогата, или тие имаат план за друг проект. Ништо не е јасно.

Најди си друг

Разговорите со т.н актери ми покажаа дека минатата кон следниот проект е најсигурна стратегија во играта на чекање, за да не го откачувате целосно. Во периодот на чекање актерите се занимаваат со други работи – пишуваат сценарија, или го движат другиот бизнис. Што и да е, си го пополнуваат времето со значајни активности, наместо да седат и да го чекаат повикот.

Оваа тактика може да се примени и при чекањето на покана за средба – наместо да седиш, да чекаш и да си ги искинеш нервите, најдете си друго поминување. На крајот, овој човек може и да не е погоден за тебе.