Ако сте нулта крвна група овие работи ќе ви го продолжат животот



Доколку припаѓате на нулта крвна група, вашето генетско наследство Ви нуди можност да бидете силни, продуктивни, да имате долг живот и да бидете оптимисти.
Луѓето со нулта крвна група се подложни на деструктивно однесување кога се премногу уморни, депресивни или кога им е здодевно. Тогаш можат да се препуштат на коцкање или пак да се занимаваат со повеќе активности кои го подигнуваат адреналинот, подразбираат ризик и импулсивност.
Избегнувајте ги кофеинот и алкохолот. Кофеинот може да биде особено штетен поради подигнувањето на адреналинот и нивото на норадреналинот, кои се веќе високи во организмот кај луѓето со нулта крвна група.
Вежбањето е одлично решение, бидејќи има опуштачко дејство на целото тело. Повеќе од било која друга крвна група, нулта крвна група има потреба да биде физички активна поради одржување на здравјето и емоционалната стабилност. Редовната физичка активност е неопходна три до четири пати во текот на неделата.
За најдобри резултати аеробните вежби треба да се прават триесет и четириесет и пет минути најмалку, четири пати неделно. Размислете и поставете си себеси цели. Така ќе можете да ги контролирате своите импулсивни реакции. Постепено воведете промени во својот начин на живот.
Конзумирајте ги сите оброци, дури и грицки. Џвакајте полека и бидете опуштени.
Избегнувајте големи одлуки или трошење пари кога сте од стрес. Ако имате вишок килограми, морате да вежбате. Вежбите од триесет до четириесет и пет минути и аеробните вежби се препорачуваат три до четири пати неделно.