Ширговска: Ако сакаш да стигнеш до својата душа …



Ако сакаш да стигнеш до својата душа ..
Тргни на пат пешки..
Соблечи ја тежината ..
Облечи си насмевка..
Исплети си зборник со кој ќе се закитиш пред кинисување..
Поздрави го намерникот кој ти иде во пресрет..
Напиј се бистрина од изворот на срцето ..
И думај ..
Кога ќе стигнеш тамо ..
Да и раскажеш , како љубеше по пат ..
И кога некој опул тежок ќе ти испрати ..
И со зборој како сабји , душата ти ја приклешти ..
Ама ти не попушти ..
Оти ти , не си ко нив..
Тебе не може таа чума да те втаса..
Оти си ја познаваш душата ..
Таа никому абер лош не му сторила ..
Ниту зло со ниет не му намислила ..
Зато .. Одај си по патот ..
Никој не се офајдил од зло и завист ..
Зато .. Душата твоја само убајна нека кажујт ..


Автор: Оливера Ширговска