Ако немате брат многу имате пропуштено во животот. Тој е најважниот маж во животот на својата сестра



Ако немате брат или сестра, навистина многу сте пропуштиле во животот.

Братот е некој кој те засмејува повеќе од кој било друг. Со него постојано се тепаш затоа што направил нешто што не смеел или земал нешто твое. Но, се тоа има рок на траење.

Кога ќе порасне и повеќе нема да можеш да излезеш со него на крај, тогаш почнува зрелиот однос.

Нема повеќе конкуренција кај родителите, тој е омиленото момче, ти си омиленото девојче и сите се задоволни.

Братот е најдобриот пријател на сестрата и обратно. Од нив можете да научите многу за спротивниот пол, а тоа може да биде многу корисно.

Нема да морате да се грижите дека ќе ви земат нешто од гардероберот или парфемот. Напротив, братот ќе се гордее со својата сестра.

Страни: 1 2