Ако некој ти покажува, дека не си му важнa, не го чекај уште илјада пати да ти покаже



Штета е да им се подарува внимание на луѓето од тој вид, на оние на кои не им си важен. Тие ионака тебе не ти посветуваат внимание, за возврат често бараат константно, да си им на располагање. Убаво е да се помогне, убаво е да се биде некому на располагање. Убаво е да се одвои дел од своето време и живот и да се подари внимание, нежност, прегратка и љубов на секој.


Но, да му подариш на некој дел од својот животен пат, а не си негова потреба, те малтретира, давајќи јасни знаци дека си му неважен, навистина е жално.

Во денешно време има навистина толку добри, убави, креативни и величествени луѓе, што би било штета да се пропушти можноста за нивно запознавање, бидејќи сме размислувале, зошто не оставила на цедило, личноста која не смета за неважни.


Помрдни се, засакај се повеќе и тргни во прегратка на животот што те чека, со луѓе, на кои навистина си им важен. Посвети си внимание себе си и на својата внатрешност. Зграпчи ја својата целост и подели ја со оние, кои ги ценат работите што ги нудиш.

И ослободи ги својот ум, енергија и тело од врските кои не треба да се негуваат. Ако за некој не си важен, и уште тоа јасно ти го покажува, зошто да биде, дел од твојот живот, ако не ти носи љубов, самоостварување и самодоверба ?


Автор: Нера Црнчиќ

Извор: atma

Страни: 1 2 3