
Некогаш ни е тешко да си признаеме, дека има луѓе кои нас многу ни значат, но ние нема никогаш да им бидеме важни. Кога некој ќе ти покаже, дека не му си важен, не чекај уште илјада пати да ти покаже, дека навистина му си важен како ‘ланскиот снег’.
Знам, дека многу луѓе не им веруваат на енергијата која ги опкружува, бидејќи за тоа немавме класични часови на училиште. Но, сите оние кои се водат спoред класичните сетила, знаат кога некому се важни, а кога не.
Кога некој, речиси никогаш нема време за тебе и кога твоите приказни, животот и работите кои ги сакаш, не му се воопшто важни, верувај, дека на таа личност не и’ си важен.
И не се убедувај самиот себе дека претеруваш, бидејќи навистина не претеруваш. Кога некој не те слуша, не те бара, не му си потребен, освен во некој краен случај на досада или за да ти ги натовари своите проблеми на твојот грб, на таа личност не си и’ важен.
Не, не си во грешка кога си признаваш сам себе си- ‘Види, на оваа личност не и е грижа за мене’. Со тоа признание ќе си направиш голема услуга. Првенствено, ќе го ослободиш своето време за себе и сам ќе сфатиш, што всушност бараш во врски, во кои на некој не му си важен. Со останувањето во токсични пријателства, врски и слични човечки односи, само се затвораме себе си во маѓепсан круг на повреденост, од која не се чувствуваме добро.
Продолжува на следната страна: