Фејсбук статус: Кристијан Бенито
Не знам, навистина не знам што ми се случува со хормоните во последно време но во изминативе неколку недели неколку пати се заљубив и водев љубов со неколку девојки. Прво со една па со друга па со трета…
Беше убаво и пак ќе биде убаво. Зошто некои моменти од животот се како сцени од романтичен филм. Рака на срце но навистина е така. Но денес, што се случи денес. Имено, денес се заљубив на прв поглед. Но, да почнам од почеток. Се се случи вака. Бев до кола да земам некои работи и тргнав према плоштад кај што се чекав со Геро. И тогаш помина таа. Девојка на чија убавина дури и ангелите љубоморат! Беше облечена во цветен фустан со бела основа и црвени рози, носеше тексас јакна и косата и беше фатена во голема пунџа. Немаше шминка. Одеше во спротивен правец од мојот. Ја гледав без да трепнам. Ја гледав како што лопов гледа во злато! И во еден момент, и таа ме погледна мене! И не го тргна погледот. А не го тргнав погледот ни јас! Тоа беше миг, миг кој траеше вечност. Али говорот ми се изгуби. Кристијан Бенито, бескрајно речитиот дечко доби парализа на израз! Се разминавме. Се свртев и ја погледнав. Не знаев што ми се случи но знаев дека ја сакам! Сето ова се одви пред училиштето Јосип Броз Тито. Па ако некој ја слушне приказнава од спротивната страна нека ја прати девојката кај мене. Принцот од нејзините соништа е спремен уште денес да клекне на колена, и да се заколне во вечна љубов.