Ако не си пуштил солза на некоја песна што те допрела во срце…



Ако не си…


Ако не си пуштил солза брат… ако не си пуштил солза на некоја песна што те допрела во срце… Ако не си стоел со стравопочит пред некој разбеснет океан… Ако не си останал без здив пред некое огнено зајдисонце… ако не те полазиле морници пред некое хумано дело… ако не си рипнал во оган заради некој што го сакаш повеќе од себе… ако не ти зоврела крвта заради некоја неправда… ако не ти се наежила кожата при некој допир… ти велам, ако не си станал помал од афионово зрнце кога ти се сретнал погледот со некои посебни очи… ако не си посакал сто животи да потрошиш во нечии прегратки… пипни си го пулсот брат… дека можно е да не си веќе ни жив.

Автор: Драган Таневски