Ако навистина е судено да бидете заедно, љубовта ќе најде начин



Tешко е да гледаш некој друг човек во очи, а да не се заљубиш во него. Затоа луѓето толку брзо, го тргаат погледот едни од други. Немаат храброст подолго време да се гледаат во очи.


Ќе ги преплави Љубов и ќе се запрашаат што ги снашло. Кога се препуштиш на љубовта и дозволиш, да те води таму каде што твојата душа сака да биде, нема да има повеќе никакви тешкотии.

Борбата ќе престане и ќе го осознаеш единството. Ако имаш партнер или близок пријател, обиди да се загледаш во неговите очи. Немој да го тргаш погледот, дури и ако тоа продорно гледање станува непријатно.


Непријатноста ќе помине и ќе се преобрази, во нежност и внатрешен сјај и ќе те обземе чувство, дека се топиш со оној другот. Додека ги гледаш своите или туѓите очи, ќе ја видиш душата. Очите се огледало на душата.

Нил Доналд Волш