Ако ја додадете оваа жена за пријател на Facebook, веднаш ќе ви го украде профилот



Дали ја познавате Мадха Шах? Ако не ја знаеете, тогаш сигурно некој од вашите пријатели ја има оваа жена за пријател на социјалната мрежа Фејсбук и тоа е пострашно од што можете и да помислите.


Имено, ова име е користено за бројни Фејсбук профили, а сите нејзини виртуелни пријатели од кога ја додале имаат сериозни проблеми со личните профили, пишува среќа.мк.

Минатиот месец, повеќе илјадници корисници на оваа социјална мрежа испратиле порака за предупредување дека оваа жена никако не смеете да ја додадете за пријател, а се претпоставува дека на Фејсбук има најмалку 35 налози со фотографијата на непознатата жена, пишува британскиот Индепендет.


Овој налог е толку популарен, што доколку не сте пријател со Мадах, некој од вашите пријатели сигурно ја има во листата на своите пријатели. Тоа што го советуваат е да го блокирате овој налог и да им порачате на вашите пријатели да го сторат истото.

pawan2