Аеродромки се подготвуваат за јога на плажа



Од 25-ти до 30-ти август во с. Стење, на брегот на Преспанското Езеро по четврти пат ќе се одржи традиционалниот летен јога камп „Преспа 2015“, во организација на јога клубот „Тара Аеродром“.


Во јога кампот аеродромките ќе имаат можност за трансформирачко доживување, бидејќи програмата е осмислена како еден активен јога одмор во природа. Исто така, во рамки на кампот ќе се одржат работилници и предавања на тема среќа и личен развој, разговори на теми што се однесуваат на подобрување на квалитетот на животот и одржување на физичкото и душевното здравје, а секако ќе се консумира и здрава храна.

„Целта на нашите јога кампови е да ги обединиме вљубениците на јогата со природата, но и на сите што сакаат да направат некаква позитивна промена кај себе и да се ослободат од стресот, без разлика дали се искусни јогини или целосни почетници“, вели Лидија Котевска, претседателка на јога клубот „Тара Аеродром“ и организаторка на јога кампот.