9 нешта за кои ниту една жена не треба да се извинува



1. Не се извинувајте за телото што го имате – нема идеали за убавина. Нема и такви нешта како “слаб” или “дебел”, има само “јас се чувствувам добро”. Ако сакате да промените нешто во вашиот изглед, прво замислете дали тоа го правите затоа што самите вие ​​навистина го сакате, или се обидувате да му се допаднете на некого.

2. Не се извинувајте за својот изглед – најголем проблем на жените е дека не можат да прифатат комплименти. Тие секогаш се чувствуваат обврзани да се оправдаат затоа што изгледаат добро. Насмевнете се и заблагодарете се, а потоа заслужено почувствувајте се горди со себе.

3. Не се извинувајте за мислење – нема полошо од човек без мислење и од оној кој не го изразува. Трудете се да не навредите некого со зборови, но во никој случај не премолчувајте тоа што мислите.

4. Не се извинувајте дека не сте во врска – понекогаш може да е исклучително неподносливо да немаш партнер, но не дозволувајте некој (особено на родителите) да ви врши притисок, да ве испрашува или жали.

Страни: 1 2