80-годишна баба се омажи за 22 годишен дечко



Во Украина, 22-годишен маж се венча за 80-годишната сестра на баба си. Свадбата траела два часа откако вљубените ги потпишале потребните документи.


Свадбата се совпаднала со датумот на кој тој и татко му ги однеле документите во градскиот комесаријат за да сведочат дека не може да оди на воена служба во Донбас, пренесуваат украинските медиуми.

Младоженецот беше доведен од сопствениот татко. Тој нема да оди во војска, бидејќи е оженет и жена му е инвалид прва група.


Иако бракот е регистриран, од армијата имаат намера да го оспорат на суд, бидејќи имаат причина да го сметаат за способен за воена обука. Тие се убедени дека на овој начин тој се обидел да ја избегне службата во армијата.

При сите случаи младиот маж може да биде повикан во редовите на вооружените сили на Украина до 27-годишна возраст.